„Кралевите“ не мируваат, Менди ново засилување

Реал Мадрид забрзано се подготвува за наредната сезона и засилувањата се редат како на филмска лента.  Во текот на денот, на навивачите им беше претставен новиот напаѓач, Лука Јовиќ, а вечерва „кралевите“ објавија дека е завршен уште еден трансфер.

Реал Мадрид на официјалниот сајт објави дека Ферлан Менди од Олимпик Лион е најновото засилување.

Менди потпиша шесгодишен договор со „кралевите“, а на навивачите ќе им биде преставен идната среда. Реал Мадрид за неговите услуги плати 55
милиони евра на Олимпик Лион.

Ферлан Менди игра на позицијата лев бек и е доведен како замена за Бразилецот Марсело кој веќе 12 години е на „Сантијаго Бернабеу“ но се почесто се слуша дека летово сака да си замине.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот