„Рајанер“ ги суспендира европските летови!

Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ потврди дека од следниот месец укинува неколку од своите европски линии во обид да го намали даночното оптоварување, објави Скајњуз. Од оваа одлука, засега не е засегната ниту една бугарска дестинација, додава „Телеграф.бг“. Шпанија ќе биде една од земјите најтешко погодени од намалувањата, а нискобуџетната авиокомпанија планира да го намали воздушниот сообраќај во земјата за 18%, што е еднакво на губење на 800.000 седишта и 12 линии до летото.

Летовите за Херез и Ваљадолид ќе бидат прекинати, а оние за Виго, Сарагоса, Астурија и Сантандер ќе бидат намалени. Во Италија ќе биде откажан еден од летовите до аеродромот Фиумичино во Рим. Сите летови од Станстед до Алборг во Данска се откажани, пишува БНР. Некои линии до Австрија и Франција се погодени поради високите даноци за користење на аеродромите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот