Крај на една ера: Микел Хансен ја завршува кариерата!

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Славниот дански ракометар, Микел Хансен на крајот од сезоната ќе објави крај на кариерата, информираат денеска данските медиуми.

Одлуката Хансен треба да ја соопшти на прес-конференцијата која е закажана за утре.

Зад себе данската ракометна легенда има над 15 години професионална кариера. За репрезентацијата на Данска одигра 266 натпревари, постигна 1.350 голови, а желбата ова лето е да се збогува со настап на ЛОИ во 2024 во Париз.

Кариерата ќе ја заврши како играч на Алборг, а претходно играше за: Копенхаген, Барселона, ГОГ и Пари Сен Жермен. Трипати во кариерата (2011, 2015 и 2018 година) беше прогласуван за најдобар играч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот