Ковачки: Кланот Ахмети се шири и во дипломатијата, вториот внук стана прв секретар во амбасадата во Брисел со десет месеци стаж

Драган Ковачки
Драган Ковачки / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Вториот внук на Али Ахмети, односно братот на Дрин Ахмети, пред само три месеци, со стаж од десет месеци е именуван за прв секретар во македонската амбасада во Брисел, обвинува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драги Ковачки.

Кланот Ахмети, покрај во бизнисот се шири и во дипломатијата – изјави Ковачки.

Тој вели дека минатата година на 16 мај, Бесиан Ахмети е вработен во Министерството за економија како помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали, за десет месеци подоцна, на 16 март годинава да биде именуван за прв секретар во амбасадата во Брисел.

Бесиам Ахмети е преземен по пат на интерен оглас, на кој се пријавил, и работното место од економија го заменил со тоа во МНР. Иако упатувањето во ДКП на Македонија во странство се врши врз основа на спогодба меѓу МНР и соодветната институција, сепак Дипломатското звање го дава МНР, согласно член 78 во врска со чл 95 од Законот за надворешни работи, во случајов на помлад соработник одговара дипломатското звање Аташе, додека на советник и раководител на одделение одговара дипломатското звање Прв секретар – додава Ковачки.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ вели дека ДКСК имаат основа да постапат за утврдување на партиско влијание и непотизам, како и за незаконско постапување од Бујар Османи во именувањето на Бесиан Ахмети за прв секретар во ДКП во Брисел.

Како Османи го назначил младиот Ахмети за Прв секретар на амбасадата во Брисел без истиот да ги исполнува потребните услови? Покрај ДКСК, очекуваме одговори од Османи, но и од Ковачевски, за кого се надеваме нема да молчи како за Мерко и за првиот внук на Ахмети – заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот