Ковачевски: Во вторник во Брисел ќе ја читам воведната изјава на македонски јазик

Димитар Ковачевски / 30 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција во Владата најави дека во вторник во Брисел, кога треба да се одржи првата меѓувладина конференција, ќе ја чита воведната изјава на македонски јазик.

„На 19 јули во Брисел, отворачката изјава ќе ја читам на македонски јазик“, рече Ковачевски.

Прашан дали доколку во текот на преговорите, некоја држава ни го оспори јазикот и идентитетот, ќе се повлечеме од преговорите, Ковачевски одговори дека таква ситуација нема, бидејќи во преговарачката рамка јасно е наведено дека државата ги отпочнува преговорите на македонски јазик.

Во однос на Протоколот, Ковачевски соопшти дека е задолжен министерот за надворешни работи да ја информира Бугарија за заклучоците што денеска ги изгласа Собранието и најави дека медиумите во текот на денот детално ќе бидат информирани за целиот процес.

„Во текот на денот, министерот за надворешни работи директно и подетално ќе ве информира во однос на целиот тој процес и граѓаните преку медиумите ќе бидат информирани и за процесот и за содржината“, рече Ковачевски на прес-конференцијата во Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот