Ковачевски: Украинскиот политичар доби државјанство врз основа на позитивните мислења од сите релевантни институции

Украински политичар под санкции на САД Олександр Онишченко/ ФОТО - Призма

Државјанство се издава врз основа на одобрение од повеќе државни институции, а за државјанството на укринскиот политичар имаше позитивни мислења од сите релевантни институции, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

При издавањето на тоа државјанство на Олександр Онишченко биле прибавени сите позитивни мислења од сите релевантни институции согласно со процедурата. Врз основа на тие позитивни мислења Владата донела одлука да додели државјанство, рече Ковачевски во одговор на прашање зошто му е дадено државјанство на украински политичар кој се товари за проневери, по отворањето на Првиот национален саем за храна и пијалаци во Градскиот парк во Скопје.

Нормално е, додаде, како Влада да побараме и други испитувања за да видиме дали постојат и некакви други информации кои што треба да бидат замени во предвид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот