Избеган украински политичар под санкции на САД, добил македонско државјанство

Украински политичар под санкции на САД Олександр Онишченко/ ФОТО - Призма

Избеган украински политичар под санкции на САД, добил македонско државјанство. Украинецот Олександр Онишченко кој сега е македонскиот државјанин и за кој има потерница од Украина поради финансиски малверзации а Вашингтон го стави на листата под санкции, бидејќи бил „член на руската мрежа за влијание врз американските претседателски избори“, не бил пречка за македонската влада, без дискусија на присутните, на седница одржана на 31 мај 2022 година да му даде македонско државјанство, пишува Призма.

Како што наведува Призма во својата истражувачка сторија на украинската политичка сцена, името на Онишченко се спомнува како на поранешен пратеник што избегал од земјата во 2016 година, откако Антикорупциската комисија отворила истрага за него за перење пари и корупција.

Пет месеци откога го добива македонското државјанство, тој настапува под македонското знаме на натпревар во коњски скокови, во Сен Тропе. Видеото од натпреварот го објавува на својот инстаграм-профил на 15 октомври. Профилот сведочи за гламурозниот живот на новиот македонски државјанин, кој често патува од Монте Карло до Обединетите Арапски Емирати и до други познати европски туристички дестинации.

Често друштво, судејќи според фотографиите на Инстаграм, му се познати личности од светскиот џет-сет. Прегрнат со шпанскиот тенисер Рафаел Надал, тој му ја честита четиринаесеттата победа на Роланд Гарос, а под описот „времиња за паметење“ објавува фотографија со актерката од серијата „Очајни домаќинки“, Ева Лонгорија и со нејзиниот поранешен сопруг, кошаркарот од НБА-лигата, Тони Паркер.

Целата истражувачка строија прочитајте ја ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот