Ковачевски-Сарацин: Уставните измени се составен дел од патот до ЕУ, не ја пропуштајте шансата

фото: Влада на РСМ, средба Ковачевски-Сарацин

Уште една потврда за силна поддршка стигнува од германската Влада кон натамошниот напредок на Северна Македонија на евро-интеграцискиот пат, но и порака државата да продолжи забрзано во таа насока. Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со специјалниот претставник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Во соопштението кое го испрати Владата се наведува дека на состанокот се дискутирало за повеќе актуелни теми од значење за двете земји. Претстојната одлука за носење на уставните измени пред која е исправена Северна Македонија, како што беше нагласено, е одлука да се биде дел од ЕУ.

Ковачевски на средбата ја потенцирал важноста на Резолуцијата на германскиот Бундестаг, со којашто се потврдува силната германска поддршка на Северна Македонија за влез во ЕУ со нејзиниот македонски идентитет, јазик, култура и историја како дел од целокупниот мозаик на европската култура. При тоа, премиерот Ковачевски го истакна очекувањето од Германија, како најголема ЕУ членка, и натаму да игра клучна улога за европската иднина на земјите од Западен Балкан.

Заеднички било констатирано дека во остварувањето на  стратешката цел, членство на Северна Македонија во ЕУ, потребен е заеднички напор на сите засегнати во реализирањето на реформските процеси на земјава, што ќе придонесе до значителен напредок и развој.

Заеднички беше констатирано дека Северна Македонија е пред историски, неповторлив момент којшто неминовно води до забрзан економски развој и создавање на просперитетна, европска држава што ќе овозможи поквалитетен живот за сите граѓани.

На средбата присуствувал  и заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот