Ковачевски: Разговорите со коалициските партнери се одвиваат регуларно, но сè уште нема финален договор

Прес-конференција по повод примопредавање на премиерската функција/Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски информираше дека разговорите со коалициските партнери во однос на претстојните избори се одвиваат на регуларно ниво, но до овој момент не постои финален договор. Тој посочи дека се одвиваат разговори чија цел е правење на коалиција меѓу политичките партии кои делат исти вредности и визија за државата, а тоа е Северна Македонија што поскоро да стане членка на Европската Унија.

– Разговорите со коалициските партнери се одвиваат на регуларно ниво. До овој момент не постои финален договор, што е и нормално бидејќи сè уште се наоѓаме во фаза кога изборите не се распишани. Но, има разговори, со цел на правење коалиција на политички партии кои имаат исти вредности а тоа е Северна Македонија да биде членка на ЕУ, наспроти други политички партии кои што застапуваат алтернативни решенија, кои што не ги ни објаснуваат, рече денеска Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање, за време на заедничката прес-конференција со премиерот Талат Џафери, по примопредавањето на функцијата во Владата.

Што се однесува до другите оперативни активности поврзани со изборите, Ковачевски најави дека попладне ќе биде отворена промотивна канцеларија на СДСМ на улица „Македонија“ во Скопје и потенцираше дека е во тек постапката за кандидирање кандидати за претседател на државата и кандидати за пратеници.

– Денеска во 18:30 часот ќе биде отворена промотивна канцеларија на улица „Македонија“, каде што ќе има голем број на наши членови, симпатизери и граѓани и каде ќе можеме да ги започнеме и поконкретните активности. Оперативните активности веќе се подготвуваат и во другите градови. Тече и постапката за кандидирање на кандидати за претседател на државата и на кандидати за пратеници и која се одвива согласно динамиката усвоена во правилникот и роковникот од Централниот одбор, додаде Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот