Ковачев: Целата ситуација со бременото 11 годишно девојче е жална, но преземавме се во нејзин најдобар интерес

Училиштето го информирало центарот за социјална работа во Кочани, дека единаесетгодишното девојче е бремено, по што Центарот постапил со сите стручни упатства и процедури во вакви случаи, воден од начелото за најдобар интерес на малолетното дете. Ова за „Слободен печат“ го тврди директорот на Центарот, Кирил Ковачев.

– Во оваа насока, стручниот тим од стручни работници, ги презема во континуитет сите дејствија согласно законските надлежности. Случајот е пријавен во полиција и поднесена е соодветна кривична пријава. Апелирам до јавноста да се воздржи од коментари со кои и понатаму би се виктимизирале деца во ризик и да се постапува согласно начелото за доверливост од Законот за социјална заштита. Целата ситуација е жална и за понатамошните дејствија што ќе се преземаат за случајот, обратете се во Министерството за труд и социјална политика, ни изјави Ковачев.

Најмалку 12 години затвор се пропишани за кривичното дело од овој случај, за кое се товари 19-годишно лице од Кочани. Случајот ја разбранува јавноста откако вчера беше обелоденето дека девојчето кое е на возраст од 11 години и сместено во Центарот за социјална работа во Берово, е бремено во шестиот месец.

Пред  двеипол недели во 22 часот вечерта, кочанската полиција го задржала деветнаесетгодишниот Е.А. поради постоење сомнеж дека извршил полов напад врз дете кое не наполнило четиринаесет години. За ова дело, казниво според членот 188 став 1 од Кивичниот законик, минималната пропишана казна е 12 години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот