На силувачот што го забремени 11-годишното девојче од Кочани, му се заканува затвор од 12 години

Случајот ја разбранува јавноста откако вчера беше обелоденето дека девојчето кое е на возраст од 11 години и сместено во Центарот за социјална работа во Берово, е бремено во шестиот месец.

Најмалку 12 години затвор се пропишани за кривичното дело за кое се товари деветнаесетгодишник од Кочани.

Случајот ја разбранува јавноста, откако вчера беше обелоденето дека девојчето кое е на возраст од 11 години и сместено во Центарот за социјална работа во Берово, е бремено во шестиот месец.

Девојчето живеело со мајка си, која не забележала дека ќерка ѝ е бремена. Тоа го забележале вработени во училиштето што го посетувала малолетничката, по што таа била однесена на гинеколошки преглед.

Девојчето мометално е згрижено во мал групен дом. Пред две и пол недели во 22 часот вечерта, кочанската полиција го задржала деветнаесетгодишниот Е.А. поради постоење сомнеж дека извршил полов напад врз дете кое не наполнило четиринаесет години.

За ова дело, казниво според членот 188 став 1 од Кивичниот законик, минималната пропишана казна е 12 години затвор.

Основното јавно обвинителство Кочани, на самиот почеток на годинава, на втори јануари, поднесе обвинение за исто вакво дело – полов напад на дете кое не наполнило 14 години и за друг случај. Во тој случај, осомничениот, инаку Виничанец, во ноември лани, намамил малолетничка помлада од 14 години, во зграда па ѝ дал пари за да молчи. Потоа, уште еднаш го повторил делото пред да биде лишен од слобода. Во овој случај, осомничениот заработи триесетдневен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот