Костадиновска: Им оддаваме почит на младинците од Ваташа кои на денешен ден беа масакрирани од тогашната бугарска окупаторска војска

Фото: Фејсбук

Денеска молкум им оддаваме почит на дванаесетте младинци од Ваташа кои, пред 80 години на денешен ден, беа стрелани и масакрирани од тогашната бугарска окупаторска војска, објави на својот Фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска.

„И денес, и болката и спомените од овој грозоморен чин се сè по присутни, како и пораката-никогаш да не се повтори !Споменикот во Моклиште за брутално згаснатата младост во исто време и потсетува и опоменува дека и ние Македонците ја плативме високата цена на победата и преку НОВ го остваривме вековниот идеал за своја држава во која слободно го говориме мајчиниот, македонски јазик. За таа висока цел, ниту една жртва не е и не смее да биде залудна.Слава им,“ напиша министерката за култура Костадиновска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот