Костадин Костадинов / Фото: Фејсбук

Костадинов на заминување им се обрати на советниците: Ако некогаш сум повредил некого, од срце барам прошка

Градоначалникот на Струмица во заминување, Костадин Костадинов, преку социјалните мрежи ги користи последните денови од изборната кампања да објави што сработил, а вчера им се заблагодари и на советниците во општинскиот совет.

„Почитувани советници, сакам од срце да упатам една длабока благодарност до сите вас и од мнозинството, и од опозицијата. Благодарам за поддршката, но и за критиките. Благодарам за секој ваш збор, за секоја идеја, за секоја дебата што ја водевме во име на граѓаните на Струмица. Со политиката, како и во животот, понекогаш искрите во дебатите знаат да бидат посилни од зборовите. Ако некогаш сум повредил некого со мој став или збор, од срце барам прошка. Од моја страна, сè е одамна простено. Такво е политичкото секојдневие, исполнето со страст, но и со искрена намера да се направи подобро“, напиша Костадинов меѓу другото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот