Антонио Коста, премиер на Португалија/ Фото EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

Коста: Дебатата за Украина може да го загрози единството на ЕУ, тоа би било подарок за Путин

Португалскиот премиер предупреди дека дебатата за тоа дали на Украина да ѝ се даде кандидатски статус за членство во ЕУ може да ја подели Унијата и да создаде лажни очекувања.

-Најдобрата поддршка што Европската унија може да и ја даде на Украина е да го одржи единството. Најдоброто што можеме да го понудиме е европското единство. Поделбата во ЕУ би била совршен подарок за рускиот претседател Владимир Путин, рече Антонио Коста во интервју за „Фајненшл тајмс“.

-Мојот фокус е да постигнам јасна заложба за итна поддршка на следниот Европски совет и да изградам долгорочна платформа за поддршка на закрепнувањето на Украина. Ова е мојот главен приоритет. Не се најважни правните дебати за Украина, туку практичната помош, додаде тој.

Коста рече дека експлицитно не се спротивставува на кандидатурата на Украина, но дека негов приоритет е „јасна и непосредна поддршка“, предупредувајќи дека не е вистинско време да се отвораат повеќегодишни преговори.

-Постои ризик да создадеме лажни очекувања кои можат да се претворат во горко разочарување. Помалку правни дискусии, повеќе практични решенија, рече португалскиот премиер.

За време на посетата на Киев овој викенд, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека комисијата до крајот на следната недела ќе ја заврши својата проценка дали да и препорача на Украина за членство во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот