Косовската полиција во Звечан пронашла автомобил во кој било скриено оружје

Звечан / Фото Коссев Јутуб

Косовскиот специјален обвинител Наим Абази изјави дека полицијата во Звечан пронашла автомобил во кој било скриено оружје, а во тек е идентификација на сите осомничени за „терористичкиот напад“ кај селото Бањска во кој загина еден полицаец, пренесува српски Н1.

Абази за порталот „Коха.нет“ изјави и дека има индиции дека оружјето е скриено во уште неколку куќи и возила во месноста Бањска и Звечан.

„Можам да потврдам дека автомобилот со оружјето е веќе пронајден и дека операцијата за лоцирање на сомнителни куќи и возила продолжува“, рече обвинителот.

Најмалку 10 полициски и цивилни возила со обвинители и истражители денеска отишле во манастирот Бањска, а според Абази, на локацијата на манастирот биле запленети неколку камери во врска со вчерашниот напад.

„Идентификуваме сведоци, има многу други дејствија за кои сега не можам да зборувам поради истрагата што е во тек“, рече обвинителот.

Тој најави дека Специјалното обвинителство ќе поднесе барање за притвор за шест лица кои вчера беа уапсени под сомнение дека учествувале во нападот врз полицијата во селото Бањска на северот на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот