ВИДЕО: Косовската полиција почна да дели опомени за возачите со српски таблички

Фото: Н1

Косовската полиција синоќа ја изрече првата опомена за возилата кои не се пререгистрирани од српски регистарски таблички, во таблички со назнака РКС, објави РТС.

На административниот премин Јариње, неколку минути по полноќ истече рокот за пререгистрација што го постави Приштина, а изречена му е опомена на возач чие возило е регистрирано со КМ табличка.

На административниот премин Јариње нема гужва, но на територијата на Косово од полноќ почнаа да се спроведуваат новите мерки за пререгистрација што ги донесоа институциите во Приштина, јави репортерот на РТС.

На административните премини, косовската полиција на возачите со регистарски таблички од градовите од северот на Косово им доделуваат потврди односно опомени, дека се известени дека треба да ги пререгистрираат возилата.

Постојат упатства за пререгистрација на хартија.

Неколку возачи кои од територијата на Република Косово кон централна Србија се движеле со регистерските таблички на Косовска Митровица, велат дека не добиле никакво предупредување.

Србите велат дека нема да ги применат. Од Европската комисија пак изјавија дека одлуката за табличките не е во согласност со договорите од дијалогот меѓу двете земји

Брисел: Одлуката на Косово за табличките не е во согласност со договорот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот