Косово обезбедува 500 илјади анти ковид вакцини од Фајзер, граѓаните ќе ги добиваат бесплатно
Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај вели дека Косово обезбедило 500 илјади анти ковид вакцини од „Фајзер“ кои ќе им бидат дадени бесплатно на граѓаните.
Препорачано
„Во рамките на конкретните обврски за обезбедување вакцини против ковид-19, би сакал да ја споделам со граѓаните информацијата дека обезбедивме 500.000 вакцини против оваа болест од компанијата Фајзер. Потврда за обезбедувањето на овие вакцини ни дадоа претставниците на Фајзер за време на виртуелниот состанок што се одржа денес со нив. Како што претходно објавивме, Министерството за здравство е ангажирано со месеци во многу области за да обезбеди вакцина против ковид-19, со цел да ги исполни обврските што ги имаме кон граѓаните и да го заштитиме нивното јавно здравје. Владата на Косово и Министерството за здравство остануваат посветени на обезбедувањето заштита на нашите граѓани преку сеопфатна вакцинација против Ковид-19“, напиша Земај на Фејсбук.
Тој додаде и дека, Косово од механизмот Ковакс 360.000 ќе добие бесплатни вакцини за 20 проценти од населението. Вакцините ќе бидат обезбедени за сите групи на популација кои треба да бидат опфатени со вакцинација според проекциите на NIPHK“.
„Вакцината против ковид-19 ќе им биде дадена бесплатно на граѓаните на нашата земја“, соопшти Земај.


