Косово купи 47 нови борбени возила од САД, Тачи најави и регрутација на војска

Косовскиот претседател Хашим Тачи го претстави денеска новиот контингет од 47 оклопни борбени возила, кои Безбедносните сили на Косово (ФСК) ги купија од Соединетите Американски Држави и кои во саботата стасаа во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку објава на својата страница на Фејсбук по средбата со командантот на ФСК, генерал-полковникот Рахман Рама, Тачи информира и дека наскоро ќе започне регрутацијата на нови припадници на косовските вооружени сили.

-Денеска имав информативна средба со командантот на Безбедносните сили на Косово, генерал-полковникот Рахман Рама. Војската на Косово набави нов контингент од 42 американски борбени возила „Хумвее”. И регрутацијата на новите војници ќе започне наскоро. Слободата, независната држава и војската ни ги даваат идентитетот и гордоста за слободата и демократијата, напиша Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот