Косово ги осуди српските милитанти за крвавиот судир во Бањска – двајца од нив ќе лежат доживотен затвор
Судот ги прогласи тројцата мажи за виновни за нарушување на уставниот поредок на државата и за поттикнување терористички активности со цел отцепување на северно Косово, каде што мнозинството население е етнички српско, и за негово припојување кон Србија.
Основниот суд во Приштина изрече казни за тројца етнички Срби поврзани со вооружениот инцидент од 2023 година во Бањска — двајца добија доживотен затвор, а третиот 30 години. Судирот, во кој загинаа четворица, дополнително ги заостри и така напнатите односи во регионот, пренесе „Дојче веле“.
Препорачано
Судот ги прогласи тројцата мажи за виновни за нарушување на уставниот поредок на државата и за поттикнување терористички активности со цел отцепување на северно Косово, каде што мнозинството население е етнички српско, и за негово припојување кон Србија.
– Преку овој добро организиран план, тие се обидоа да ги одвојат општините на северот од Косово и да ги анектираат кон Србија – изјави судијата Нгаденџим Арни.
ЕУ бара од Србија да им суди на одговорните за нападот во Бањска
Во септември 2023 година, тешко вооружени српски милитанти поставија барикади во северно Косово, предизвикувајќи вооружен судир со косовската полиција во селото Бањска. Во борбата загина еден полицаец и тројца напаѓачи.
Косово ја обвини Србија за поддршка на групата, но Белград тоа го отфрли.
Иако беа обвинети 45 луѓе, само тројца уапсени завршија пред суд.
Лидерот Милан Радоичиќ, поврзан со српската власт и претседателот Александар Вучиќ, останува на слобода и покрај краткотрајното притворање и меѓународниот притисок. Радоичиќ е санкциониран од САД и во Велика Британија поради наводни финансиски криминални активности.


