Коснет: мандатот на Хашкиот трибунал за специјални воени злосторства не е истечен

Американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет, изјави дека мандатот на Хашкиот трибунал за специјални воени злосторства не е истечен и дека секое друго објаснување е неточно.

Во август, косовскиот претседател Хашим Тачи рече дека побарал од косовскиот парламент да го продолжи мандатот на Судот. Според амандманот на Уставот на Косово, врз основа на кој беше основан Специјалниот суд во август 2015 година, „мандатот на Специјализираните совети и Канцеларијата на специјализираниот обвинител ќе трае за период од 5 години, освен ако известувањето за прекинување мандатот е направено порано“.

Во врска со апсењата по налог на Специјалниот суд минатата недела, Коснет рече дека не сака да коментира за одделни случаи, но истакна дека правдата е важна.

„Важно е дека Судот е оставен да ја заврши својата работа“, рече амбасадорот.

Тој се осврна и на прашањето за обвиненијата против Албанците во време кога има помалку истраги и обвиненија против Србите за злосторства извршени во Косово, амбасадорот Коснет рече дека Косово и регионот „треба да бараат поголема правда, а не помалку правда“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот