Фото: mkd.basketball

Кошаркарите се подготвуваат за стартот на претквалификациите за Евробаскет 2029 година

Денот после викендот е предвиден за почеток на активностите на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, која во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ ги има првите обврски поврзани со натпреварите од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

Со оглед на краткото временско „растојание“ до првиот меч, оној против репрезентацијата на Азербејџан, кој го играме на 27 ноември од 19.00 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје, селекторот Марјан Илиевски и неговите соработници предвидоа мини-подготовки во оној тренажен процес. Првиот од неколку планирани тренинзи, ќе биде реализиран во понеделник од 18:30 часот, во „базата“, односно салата на СРЦ „Кале“.

Наредниот ден, на 25 ноември, активностите се сведуваат на реализација на еден т.н. „централен тренинг“ од 10.30 до 12.30 часот. Два тренинзи се предвидени и за наредниот ден, првиот, стандарден од 10.30 до 12.30 часот, додека вториот ќе биде „поместен“ за 20.00 часот.

А нашата најдобра селекција, која ќе биде сместена во хотелот „Алекасандар Палас“ во Скопје, ќе тренира и на денот на одигрувањето на средбата со Азербејџан, и тоа во периодот од 11.00 до 12.00 часот.

За овој претквалификациски циклус, селекторот Илиевски смета на следните играчи:

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Бобан Стајиќ – Пелистер
Андреј Митревски – Пелистер

Лука Стојановски – Пелистер
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Теодор Симиќ – Кожув
Адем Мекиќ – Бора – Косово

Ваљмир Какруки – Сигал Приштина – Косово
Лејсон Зеќири – Башкими – Косово
Андреј Јакимовски – Тренто – Италија
Џејкоб Вајли – Ритас – Литванија
Омари Мур – Валенсија – Шпанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот