Косата ви е сува во зима? Овој домашен регенератор од три состојки ќе направи чудо!
Квалитетен регенератор за коса во зима е неопходен, бидејќи студениот зимски воздух и сувиот воздух во прегреаните простории ја сушат косата и ја прават кршлива, безживотна и без сјај, пишува „Живим“.
Препорачано
Домашниот регенератор, кој е исклучително едноставен за подготовка, на база на грчки јогурт, маслиново масло и мед, ќе ја направи косата добро хидрирана, сјајна и мека на допир, а ќе го спречи и електрицитетот што ја прави косата нескротлива.
Грчкиот јогурт изобилува со протеини и масни киселини што прават чуда за сувата и оштетена коса. Протеините ја зајакнуваат косата и го спречуваат кршењето на врвовите, додека масните киселини ги хидрираат и хранат влакната. Млечната киселина го поттикнува растот на косата и го чисти скалпот, со што спречува чешање и појава на првут. Медот привлекува и задржува влага во влакната, а витамините и антиоксидансите што ги содржи ги зајакнуваат фоликулите и го стимулираат растот на косата. Неговите антибактериски својства помагаат во одржување на чист и здрав скалп.
Маслиновото масло обезбедува подолготрајна хидратација во споредба со некои други масла, го обложува надворешниот слој на влакното и го прави мазно и сјајно. Продира во структурата на влакното и му ја дава потребната еластичност, а антиоксидансите што ги содржи ја штитат косата и ја прават поцврста и поздрава.
Потребни состојки:
- 3/4 шолја полномасен грчки јогурт
- 1/4 шолја мед
- 2–3 лажици маслиново масло
Подготовка и употреба:
Измешајте ги сите состојки додека не добиете изедначена смеса. Нанесете ја маската на чиста, влажна коса. Препорачливо е косата да ја поделите на најмалку два дела за рамномерно нанесување. Започнете со нанесување од коренот, а потоа продолжете кон врвовите. Покријте ја косата со капа за туширање или пластична кеса и оставете да делува најмалку 30 минути. Колку подолго, толку подобро. Можете околу главата да завиткате и загреан пешкир, бидејќи топлината овозможува подобра апсорпција на хранливите состојки. Добро исплакнете со ладна вода и повторувајте ја постапката еднаш неделно за косата да биде поцврста, помека, поздрава и посјајна.
Дали правилно ја миете косата? Овој едноставен трик прави голема разлика


