Кортни Кардашијан доби критики од јавноста поради видеото на кое се шминка нејзината 10-годишна ќерка
Наследничката на Кортни Кардашијан, 10-годишната Пенелопе, ја сподели својата рутина за шминкање на социјалната мрежа „ТокТок“, што наиде на критики од јавноста. Додека на некои следбеници на ќерката на реалити ѕвездата видеото им беше слатко, многу други ја критикуваа нејзината мајка, истакнувајќи дека тоа е несоодветно.
Препорачано
View this post on Instagram
Видеото иако моментално е отстрането од популарната социјалните мрежа, наследничката на Кортни, Пенелопе во споменатата објава прави комплетен третман на своето лице кој не соодведствува на нејзината возраст. Најпрво младата дама ја собира косата со розева лента, па потоа нанесува серум на кожата, а потоа коректор под очите, јаболчниците и челото и со помош на професионално сунѓерче рамномерно го распоредува споменатиот производ низ нејзината млада кожа.
View this post on Instagram
Младата дама, изгледот го комплетира со сенки за очи, маскара и сјај за усни.
View this post on Instagram
Додека некои ја забележаа потенцијалната иднина на Пенелопе во индустријата за убавина – како нејзините славни тетки Ким и Кајли, други се побунија против тоа што на девојчето воопшто и било дозволено да се шминка, сметајќи дека тоа е несоодветно согласно нејзината возраст.


