Корона хаос во Црна Гора, шест позитивни ракометари кај противникот на Македонија на ЕП

Короната им направи проблеми на Црногорците/ фото: EPA-EFE/Johan Nilsson

На шест дена пред стартот на Европското првенство, ракометната репрезентација на Црна Гора се соочува со големи проблеми поради коронавирусот. На задолжителното ПЦР тестирање кое беше направено утринава, позитивни на ковид-19 се шест ракометари и двајца членови на стручниот штаб.

„Последното задолжително тестирање пред заминувањето во Дебрецин кое е планирано за вторник, ракометарите ќе го направат во понеделник по што ќе се знае и конечниот список на патници. Само играчите и членовите на делегацијата кои ќе бидат негативни ќе патуваат за Дебрецин, каде ќе ги играат натпреварите со Данска, Македонија и со Словенија“, соопшти Ракометната федерација на Црна Гора.

Македонија е вториот противник на Црногорците и натпреварот ќе се игра на 15 јануари, додека во првото коло тие ќе се сретнат со селекцијата на Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот