Kористите вентилатор?: Бидете внимателни, може да предизвика сериозни здравствени проблеми

Фото: Pexels/ Ron Lach

Знаеме дека надвор е „пеколно“ жешко. Ако немате клима и ви здодеа да се будите среде ноќ поради жештините, можеби сте решиле да го вклучите вентилаторот преку ноќ. Но, доколку користите вентилатор што постојано ве разладува, може да предизвика сериозни здравствени проблеми, пишува „Живим“ („Zivim“).

Иако ваквите уреди за ладење, можат да бидат ефикасен начин да ја намалат температурата во вашиот дом и да имате поудобна ноќ во овие жешки летни месеци, тие имаат и некои недостатоци. Погледнете кои задравствени последици може да се појават, доколку постојано користите вентилатор.

Алергии и астма

Она што ги прави електричните вентилатори толку ефикасни во ладењето, е што создаваат циркулација на воздухот во просторијата. Но, тоа може да биде лошо и за алергиите со кои се борите или да предизвика астма. Заедно со воздухот, уредот создава и циркулација на прашина, спори, полен и други алергени кои можат да предизвикаат сериозни алергиски реакции.

Затнат нос

Прекумерниот ветер произведен од електричен вентилатор може да ги исуши носот и грлото, предизвикувајќи телото да произведува повеќе слуз за да остане хидрирано. Ова може да предизвика голем број на несакани ефекти, вклучувајќи главоболки, затнат нос, па дури и болни синуси. За среќа, зголемувањето на внесот на вода би можело да го спречи развојот на овие несакани ефекти.

Суви очи и иритација

Како и во случајот со затнат нос и синуси, прекумерниот ветер не само што ги суши носот и грлото, туку ги суши и очите, што често доведува до иритација. Тоа е уште поголем проблем за луѓето кои носат контактни леќи, бидејќи самите леќи ја зголемуваат веројатноста за проблеми со суви очи и иритација.

Вкочанет врат и болки во мускулите

Ако и вие страдате од болки во мускулите, се препорачува да не го насочувате вентилаторот на тие болни места во текот на ноќта. Концентрираниот ладен воздух може да ги затегне мускулите и да предизвика спазам, а со тоа и уште поголема болка. Можеби дури сте забележале дека вашиот врат почнува да се вкочанува, откако го користите електричниот вентилатор, па би било добра идеја да не го вклучувате неколку ноќи за да видите дали проблемот е олеснет или решен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот