Рисима Рисимкин / Фотографија: Драган Перковски

Кореографката Рисима Рисимкин подготвува нова претстава во Италија

На покана на Џилда Цесарио, уметнички директор на танцовата компанија „Еутопија“, проф. д-р Рисима Рисимкин и м-р Дејан Битровски деновиве престојуваат во Таранто, Италија.

Во рамките на проектот „AEthos X Lab“ Рисимкин работи со компанијата на нова оригинална кореографија, која ја гради на музиката на композиторот Тони Китановски, со костимите на Благој Мицевски и со дизајн на светло на Матеа Мијановиќ. Во рамки на проектот, кореографот и танчер Дејан Битровски ќе одржи повеќедневни работилници за современ танц.

За време на престојот во Италија тие ќе ја претстават работата на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и ќе одржат аудиција за современата танцова програма за сезоната 2026/2027.

Рисима Рисимкин е една од највлијателните кореографи и визионери во современиот танц во регионот. Основачка е на Културниот центар „Интерарт“ и „Танц фест Скопје“. Рисимкин повеќе од четири децении активно придонесува за развојот и интернационализацијата на македонската танцова сцена.

Како професор и доктор на науки, преку работата на Филмска академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, каде што е основач на Катедрите за Современ танц и Балетска педагогија, таа има клучна улога во едукацијата на новите генерации танчери и кореографи.

Добитник е на повеќе награди за својата долгогодишна уметничка и образовна работа, а во 2025 година е одликувана со орденот „Витез од редот на уметностите и книжевноста“ на Франција за својот исклучителен придонес во уметноста и културната соработка.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 321, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 21-22.2.2026)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот