Корејската козметика овозможува видливи и трајни резултати

Суштината на негата на лицето е да се направи правиот избор на производи и со примена на правилен редослед да се постигне максимален ефект.

НЕЖНИ, НО МОЌНИ ФОРМУЛИ ЗА НЕГА НА КОЖА

Историјата на корејската традиција за грижа за кожата започнува многу одамна, пред нашата ера, за време на трите кралства на Кореја кога се сметало дека она што се појавува однадвор е одраз на внатрешното. Оваа историја на грижа за кожата е неисцрпен извор на тајни за дејството на природните состојки, пренесувани од генерација на генерација. Традицијата продолжува и денес со формули кои имаат тенденција да избегнуваат груби хемикалии и наместо тоа се фокусираат на природните ресурси.

ПРОНАЈДЕТЕ ЈА РУТИНАТА ЗА НЕГА НА КОЖАТА КОЈА ВИ ОДГОВАРА

Филозофијата на корејската нега на кожата се фокусира на подобрување на кожата одвнатре, делувајќи превентивно преку отстранување на причините за проблемот, а не само со моментално подобрување или со прикривање на веќе настанатите штети и проблеми со кожата. За здрава и негувана кожа најважно е таа да биде длабински хидрирана.

Кога се работи за рутини за нега на кожата, важно е да се најде балансот во производите кои најмногу одговараат за секоја индивидуа. Суштината на негата е да се направи правиот избор на производи и со примена на правилен редослед да се постигне максимален ефект. За да постигнат  беспрекорен тен Корејците се подготвени да вложат многу време и енергија. Затоа нивниот ритуал за секојдневна нега може да вклучува и до 10 чекори, од кои секој има добро дефинирана улога.

DEAR, KLAIRS СО СВЕЖА РУТИНА ЗА СВЕТЛА И СЈАЈНА КОЖА  

За оние кои сакаат да постигнат посветла и посјајна кожа, Dear, Klairs препорачува таканаречена Freshly Juiced Smoothing рутина за нега на кожата, која го осветлува целокупниот тон на кожата, обезбедува длабинска хидратација и концентрирана нега за подобрување на текстурата на кожата,  отстранување на флеки од акни, подобрување на еластичноста и намалување на  брчките. Рутината содржи пет производи кои ефикасно ја чистат, навлажнуваат, негуваат и зајакнуваат кожата.

ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОЖАТА НИЗ 5 ЧЕКОРИ

ЧЕКОР 1 – Ексфолијација

Ексфолијацијата е важна за подготовка на кожата за подобра апсорпција на продуктите кои ќе ги нанесете потоа. Klairs Gentle Black Sugar Facial Polish е нежно средство за ексфолијација со фина текстура кое ја омекнува и освежува кожата на природен начин, без да ја суши. Црниот шеќер кој продира длабоко во кожата, ги топи нечистотиите и себумот што ги затнуваат порите и ги отстранува мртвите клетки на кожата, оставајќи ја кожата чиста и мека. Производот е збогатен со богати хранливи состојки како шеа путер, незаситени масни киселини и витамини А и Е, со што ја навлажнува и омекнува сувата и чувствителна кожа.

ЧЕКОР 2 – Чистење на лицето

Klairs Rich Moist Foaming Cleanser е пена за чистење со ниска pH вредност со масло од чајно дрво кое ја смирува и најчувствителната кожа и ја отстранува шминката и нечистотијата. Овој чистач користи аминокиселини (главна компонента на протеините) наместо хемиски состојки. Хијалуронската киселина и церамидот 3 обезбедуваат максимална хидратација за помека кожа, додека маслото од лист од чајно дрво и екстрактот од Houttuynia cordata ја третираат проблематичната кожа. Помага за баланс на pH вредноста, без иритација.

ЧЕКОР 3  – Хидратација

Подгответе ја, хидрирајте ја и вратете ѝ ја еластичноста на вашата кожа со Klairs Supple Preparation Facial Toner кој ја балансира pH вредноста на кожата, ја измазнува текстурата и ја подобрува ефикасноста на рутината за негата која следува. Брзо се апсорбира и обезбедува целосна хидратација со неколку клучни состојки како Phyto-Oligo и пченични аминокиселини кои помагаат во намалување на воспалението на кожата. Направен со мешавина од различни растителни екстракти и смирувачки состојки, овој хидратантен тонер е погоден за сите типови кожа, па дури и за најчувствителните затоа што не предизвикува иритации.

ЧЕКОР 4 – Третмман

Додадете витаминска енергија со Klairs Freshly Juiced Vitamin Drop, кој е направен од природно ефикасни состојки кои се безбедни и не иритираат. Ја поттикнува и ја подмладува кожата со моќта на чистиот витамин Ц. Докажано е ефикасен во осветлување на уморната кожа, зголемените пори и во избледување на лузните од акни. Иновативната фoрмула содржи клучни природни состојки и концентриран чист витамин Ц со чија помош овој производ ја ревитализира, негува и подобрува кожата.

ЧЕКОР 5 – Зајакнување на кожната бариера

Комплетирајте ја рутината за нега на кожата со нанесување на  Klairs Freshly Juiced Vitamin E Mask. Витаминот Е во оваа маска ја подобрува апсорпцијата на витаминот Ц, зголемувајќи го синергетскиот ефект кога го користите заедно со Klairs Freshly Juiced Vitamin Drop. Употребата на овој произод ја прави кожата поцврста, поеластична, помазна, добро хидрирана и со порамномерен тен. Антиоксидантната моќ на витаминот Е ја осветлува кожата и ги подобрува и спречува знаците на стареење. Користете го во текот на денот за да го спречите штетното дејство на слободните радикали и во текот на ноќта за намалување на брчките и регенерација на кожата. Текстурата налик на пудинг, при нанесување се претвора во богата есенција која формира заштитен слој на кожата што ја задржува и одржува влагата најмалку 8 часа.

Производите на Dear, Klairs можете да ги најдете ексклузивно во Oлпео, специјализирана продавница за корејска козметика, единствена од ваков тип во нашата земја, на продажните места во ГТЦ во Скопје, на првиот кат, во Палма мол во Тетово или на www.оlpeo.mk

(комерцијален текст) 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот