Новогодишни пакетчиња / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Контрола на новогодишните пакетчиња, утврдени само минимални недоследности

По спроведени 262 вонредни инспекциски контроли на безбедноста на детските новогодишни пакетчиња, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утврдила само минимални недоследности, без изрекување парични казни и без повлекување небезбедна храна од промет.

Контролите биле извршени во магацини за пакување, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни пакетчиња.

Како што соопштува АХВ, инспекциските служби издале четири решенија за повлекување на пакетчиња од промет поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со роковите на поединечните производи и поради некомплетни декларации. На двајца оператори со храна им се издадени решенија со наредба за дополнително означување, односно ставање збирни декларации на пакетчињата.

Во споредба со минатата година, кога биле утврдени сериозни неправилности како пакетчиња без декларации, со истечен рок на употреба, краток рок на трајност и производи со променети органолептички својства, годинава кај операторите се констатирани само минимални недоследности.

Од АХВ информираат дека и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, ќе продолжат со засилени контроли за следење на безбедноста на оваа категорија производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот