Констракта му го возврати ударот на Аца Лукас: Требаше да му ги измијам нозете во мијалникот!

аца лукас, констракта
Аца Лукас, Констракта, Фото: Инстаграм

Српскиот фолк-пејач Аца Лукас неодамна остро ја прокоментира победата на српската „Песна за Евровизија“ т.н. „Беовизија“, која ја однесе пејачката Констракта, која на публиката ѝ се претстави со песната „In Corpore Sano“, а која веќе со денови е во трендинг во дури 15 земји.

Лукас тогаш изјави дека „можеби и ќе победел доколку си ги измиел нозете на сцената“, имајќи предвид дека победничката ги мие рацете речиси во текот на целиот настап, а сега токму Констракта е таа која одговори на овие забелешки.

– Имав добри намери, сакав да направам нешто за мојот народ и за мојата земја. Ниту се изнервирав, ниту се налутив, кога видов дека нема никаква корист, едноставно се откажав – рекол Аца Лукас и додал:

„Не ми се допаѓа песната, бидејќи имаше многу подобри. Да си ги измиев јас нозете на сцената, можеби ќе победев.“

Констракта не обрнувала многу внимание на негативните коментари, но низ смеа му одговорила на Лукас:

– Мене тоа ми е забавно. Мислам дека ќе беше уште подобро ако му ги измиев нозете во мијалникот. Мислам, морам да кажам дека не сум сигурна дека Лукас навистина го изјавил тоа… Што и да е, забавно е – рекла Констракта.

Инаку, изминативе денови Лукас не се откажува од наративот дека победата на Констракта за српски претставник во Торино, Италија 2022 година е местенка.

Инаку, Констракта, чие вистинско име е Ана Ѓуриќ, сите ги воодушеви со специфичниот перформанс, силниот текст и пораката.

Социјалните мрежи со денови се преплавени со овогодинешниот настап на Констракта, но ретко кој знае дека Констракт се натпреваруваше на „Беовизија“ и во 2009 година.

ФОТО | Аца Лукас не прифаќа пораз: Победата на Констракта е местенка, ќе следат тужби!

Која е Констракта, жената која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“?

Која е Констракта, жената која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот