„Креативен Ден“ и ЕАМ со конкурс за средношколци: „Маицата како медиум“
„Креативен Ден“ и ЕАМ ги споија силите и испраќаат порака за важноста на образованието, креативноста и одржливиот развој, како и за враќање на довербата и визијата во текстилната струка.
„Креативен Ден“ е моден перформанс кој веќе неколку години се одржува во Битола во организација на „Божиловиќ продукција“. Настанот претставува спој на уметноста и образованието и има за цел да ги поврзе учениците од модно-текстилните училишта со бизнис секторот, како и да придонесе за подобрување на имиџот и враќање на довербата во текстилната струка кај младите.
Препорачано
Во рамки на манифестацијата „Креативен Ден 2026“, во соработка со современиот текстилен комбинат ЕАМ, распишан е конкурс за средношколци од модно-текстилните училишта од државата под наслов „Маицата како медиум“.
Маицата, како едно од најраспространетите парчиња облека, е поставена како медиум преку кој учениците ќе можат да испратат општествена, еколошка или лична порака, но и да понудат сопствено гледиште за одржливата иднина на модата. Целта на конкурсот е да ги поттикне младите креативци да ја согледаат модата како простор за порака, одговорност и став.
Право на учество имаат ученици од средните модно-текстилни училишта од целата држава, а конкурсот трае од 1 март до 1 април 2026 година. Пристигнатите трудови ќе ги оценува стручно жири.
Победникот ќе добие 30 маици со реализиран сопствен дизајн, признание кое ќе му биде врачено за време на настанот, како и едукативна посета во современиот текстилен комбинат ЕАМ во кој се работи по највисоки светски стандарди, каде ќе има можност да го следи целиот процес на производство – од предиво до финален производ.
Победничката креација ќе биде јавно презентирана на „Креативен Ден 2026“, кој ќе се одржи на 29 април во Народниот театар во Битола.
„Креативен Ден е платформа која на младите модни таленти им овозможува да го покажат својот потенцијал, креативност и труд пред јавноста и претставниците на индустријата.
Ова е настан кој не само што ги афирмира учениците, туку и ги поврзува со бизнис секторот, кој е важен партнер за нивната иднина“, вели Весна Божиловиќ од „Божиловиќ продукција“, организатор на настанот.
Повеќе информации за условите и начинот на пријавување сеобјавени на официјалните канали на „Креативен Ден“ и ЕАМ.

Комерцијална објава


