Конференциска лига: Силекс ремизираше, Струга избегна пораз во Летонија

Фото: facebook.com/Fcstruga

Силекс и Струга Трим Лум денеска ги одиграа првите натпревари од 1. квалификациско коло во новоформираната УЕФА Конференциска лига, и двете наши екипи одиграа нерешено.

На ФФМ Тренинг центарот во Скопје Силекс ремизираше со молдавскиот клуб Петрокуб со резултат 1:1 (1:1).

Кратовци уште во петтата минута поведоа со голот на Додевски после асистенцијата на Рајков. Гостите успеаја да израмнат непосредно пред паузата (45+4`) со погодокот на Платика.

Стружани во своето европско деби извлече добар резултат во Летонија играјќи нерешено 1:1 со Лиепаја.

Домаќините со голот на Бразилецот Додо дојдоа во позитива во 31 минута, а играчите на тренерот Захариевски во финишот избегнаа поразот (90+3`) благодарение на голот на Исени.

Реванш дуелот помеѓу Струга Трим Лум и Лиепаја ќе се игра во Скопје од 17.00 часот на 15 јули, а истиот ден од 19.00 часот Силекс гостува во Молдавија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот