Фото: Фејсбук / Орце Ѓорѓиевски

Конечно се знае кој сè ќе свири и пее за Нова година на централниот скопски плоштад

На само еден ден пред свечениот дочек на Новата година на скопскиот плоштад „Македонија“, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски конечно ја објави комплетната музичка програма за настанот.

Програмата започнува во 19:45 часот со настап на Миле Кузмановски, по што следуваат Огнен Здравковски и Дина Јашари. Празничната атмосфера ќе ја заокружат легендарните Куку Леле и Тамара Тодевска, а младата публика ќе ужива во настапите на Пајак, Лара и Два Бона.

Кулминацијата на вечерта и магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева, вели Ѓорѓиевски во објава на „Фејсбук“.

„Доста беше мрак. Време е за заедништво и за радост. Со домашни изведувачи, љубени од публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации. Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да пулсира и да сонува“, напиша Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот