Фото: X

Конечно постигнат договор, спектаклот меѓу Џошуа и Фјури блиску до реализација

Спектаклот кој љубителите на боксот со нетрпение го очекуваат конечно се чини дека ќе се случи, пресметката меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, според најновите најави, е договорена.

Информациите говорат дека двобојот на британските тешкаши е планиран за крајот на годината, поточно во периодот од октомври до декември, секако доколку не се појават неочекувани пречки.

Сепак, пред да стапи во рингот со Фјури, Џошуа го очекува уште еден сериозен предизвик. На 25 јули во Ријад ќе се соочи со Кристијан Пренга, боксер со  21 победа од исто толку борби, од кои дури 20 завршени со нокаут, што го прави опасен противник на патот кон големата пресметка.

Тензијата меѓу Џошуа и Фјури дополнително се зголеми по победата на Фјури над Арсланбек Махмудов, кога директно го предизвика својот ривал.

„Те повикувам, Ентони Џошуа, да се бориш со мене. Дали прифаќаш?“, изјави Фјури пред публиката.

Иако првично воздржан, Џошуа подоцна возврати со остар тон:

„Те победив кога бевме деца и повторно ќе те победам. Јас сум шефот, ти работиш за мене.“

ВИДЕО | Хаос во Шпанија: Голман како на бокс-меч нокаутираше фудбалер откако виде дека е исклучен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот