КОНЕЧНО ДОБРА ВЕСТ ОД АЛБАНИЈА: Маж извлечен жив од урнатините два дена по земјотресот

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Спасувачките екипи во Албанија, два дена по разорниот земјотрес, успеале да извлечат жив 33-годишен маж од урнатините.

Човекот, кој е жител на Туман, место кое беше најблиску до епицентарот, е извлечен во драматична акција, во која специјалните екипи морале да отстранат неколку тони бетон и ѓубре.

Според последните податоци, во силниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 ноември, загинале 49 лица, а повредени се повеќе од 2.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот