Градежен отпад, Фото: Архива

Комунална хигиена апелира градежниот отпад да не се фрла во контејнери

Во општината Ѓорче Петров, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје регистрираа големо количество неправилно одложен градежен отпад во контејнерите поставени на улицата Црвена армија, во близина на стадионот.

Градежниот отпад може трајно да ги оштети садовите и специјалните комунални возила и на тој начин да предизвика финансиска штета за Претпријатието, но и сериозни проблеми при собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје.  

„Ги информираме граѓаните дека според Законот за јавна чистота, отпадот којшто се создава при извршувањето на градежните активности или реновирањето на живеалиштата, не смеат да го одлагаат во садовите за отпад поставени на јавни површини“, соопштија од ЈП „Комунална хигиена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот