Фото: Petr tpnek / Alamy / Alamy / Profimedia

Компанијата „Фереро“ под истрага од Европската комисија

Италијанскиот гигант за чоколадо и кондиторски производи „Фереро“ денес потврди дека е под истрага од Европската комисија за можно кршење на правилата за конкуренција.

Производителот на „нутела“ и „киндер“ објави дека претставници на ЕК моментално вршат инспекции во канцелариите на компанијата, објави Ле Фигаро – пренесе Политика.

Нутела претставува нов производ за првпат по повеќе од 60 години: Најпознатиот намаз сега и со кикирики

Менаџментот на групацијата, која исто така произведува шарени бомбони „тик ток“, изјави дека „компанијата целосно соработува и ги дава бараните информации“. Европската комисија во понеделник објави дека спроведува ненајавени инспекции на неколку локации кои му припаѓаат на производител на чоколадо во две земји членки, пренесува Танјуг. Брисел соопшти дека се плаши дека „компанијата што е предмет на инспекцијата можеби ги прекршила правилата за конкуренција на Европската Унија што забрануваат картели и рестриктивни трговски практики, како и злоупотреба на доминантна позиција“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот