Компани: Го очекувавме најлошото, но закрепнувањето на Дарко Чурлинов е чудесно

фото: twitter.com/BurnleyOfficial

Менаџерот на Барнли, Винсент Компани откри дека закрепнувањето на македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов од сериозен здравствен страв е блиску до „чудесно“.

На почетокот на јуни, Компани откри дека нашиот 23-годишен играч бил итно пренесен во болница во Белград поради труење на крвта, односно сепса. Подоцна Чурлинов беше вратен назад во Англија за да се лекува во клиника во Манчестер. Чурлинов се огласи социјалните мрежи за да потврди дека беше отпуштен од болница.

– Овој месец беше најтешкиот месец во мојот живот. Но, со вашата поддршка и гледајќи ги сите пораки овие денови ми дадовте сила да се борам и да застанам на нозе. Сакам да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа да ја победам оваа борба која не беше лесна. Сега е време да се опоравам и да дадам сè од себе за што поскоро да бидам на терените – беше објавата на Чурлинов.

За првпат се осврна на здравствениот статус на Чурлинов, Компани вели дека состојбата на крилниот напаѓач е многу подобра од првично очекуваното.

– Навистина е позитивно. Го очекувавме најлошото во однос на долго, долго време надвор од теренот, но неговото закрепнување е блиску до чудесно. Сè уште не можам да ви дадам време, но ако продолжи да се развива како што е сега, тој ќе се врати во целосна кондиција – се зборовите на Компани.

Чурлинов ќе ги пропушти и следните два нови натпревари на македонската А репрезентација во квалификациите за ЕП 2024 против Италија во Скопје на 9 септември и три дена подоцна на гости кај Малта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот