„Комити“: Остана еден од нас, ти благодариме за сè, засекогаш – ВУЈО МАЈСТОРЕ!

Веселин Вујовиќ секогаш ќе има место во срцата на верните „Комити“/фото: Слободен печат: Драган Митрески

Веселин Вујовиќ не е повеќе тренер на Вардар 1961, после серијата лоши резултати во Лигата на шампионите, се дојде до одлука за разделба со „црвено-црните“.

Верната навивачка група „Комити“ после таквите информации се огласи на својата фејсбук страница, заблагодарајќи му се Вујовиќ.

Во продолжение целата објава на навивачката група „Комити“:

– Го зема приматот од Пелистер а потоа и од Металург…
Направи тим кој потоа се надогради и стана Европски првак…
Природно, создаде посебна хемија со публиката…
Стана икона на Комити!
Знаеше кога да го искористи своето влијание…
Од обичен натпревар знаеше да направи шоу…
Умееше да добие загубен меч…
Мајстор за подигање атмосфера…
Ни предизвикуваше насмевки…
Ни ги насолзуваше очите…
Ни ги растреперуваше срцата…
Стана Вардарова легенда!
Носеше наши реквизити…
Не засака нас како и ние него…
Секогаш беше со нас, а и ние со него…
Беше со нас во сите војни и битки!
Се заљуби во Вардар…
Го сакаше од почеток, ќе го сака до крај…
Кога требаше застана и за Фудбалскиот клуб !
Си купи билет за спас на Вардар!
Беше и остана ЕДЕН ОД НАС!
На Кале испишана историја…
Вечно ќе се памети Вујовата мајсторија!
Скопје секогаш ќе биде твој дом !
Во нашите срца секогаш ќе има место за тебе!
Довидување но никогаш збогум!
Ти благодариме за се!
Засекогаш – ВУЈО МАЈСТОРЕ!

– „Комити Скопје“

Давид Дејвис би можел да биде новиот тренер на Вардар 1961

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот