Давид Дејвис би можел да биде новиот тренер на Вардар 1961

Давид Дејвис повторно во Скопје, до крајот на сезоната ќе го води Вардар 1961/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Непосредно пред почетокот на домашниот натпревар во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ против Охрид, РК Вардар 1961 и тренерот Веселин Вујовиќ спогодбено го раскинаа договорот.

Денешниот меч од клупата играчите на Вардар 1961 ги водеа Стојан Петрушевски и Владо Недановски.

Лошите резултати оваа сезона во Лигата на шампионите беа причина Вујовиќ да ја напушти клупата на скопските „црвено-црни“.

Не е познато кој ќе биде следниот тренер на двократниот европски шампион, но според руските медиуми се шпекулира името на Шпанецот Давид Дејвис кој веќе добро го познава клубот.

Токму Дејвис во 2017 година како помошник на Раул Гонзалез со Вардар 1961 ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Изминатите три години Дејвис го водеше унгарскиот Веспрем со кој се раздели пред почетокот на оваа сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот