„Комити“: На трибини прва лига, на терен недостојни ни за второлигаши!

Фото: facebook.com/KomitiZapad87/

Вардар сезонава си постави за цел да се врати во елитата, но денешното реми против Охрид во Втората лига – Запад за „црвено-црните“ претставува чекор назад.

Вардарци и на овој гостински меч имаа голема поддршка од своите навивачи, верните „Комити“ кои исто така сакаат да го гледаат клубот од следната сезона во Првата лига, но беа разочарани од денешниот резултат.

– На трибини прва лига, на терен недостојни ни за второлигаши! Штетата е направена, Вардар е доведен во подредена положба, веќе нема никаква контрола над ситуацијата на табела, и натамошниот дел од првенството.

„Бидете спремни на долг престој во втората лига“ – тоа е пораката која ни ја испратија со оваа голема НУЛА! – објавија „Комити“ на Фејсбук.

Моментно на табелата во 2МФЛ – Запад Вардар се наоѓа на третата позиција со 30 бодови, пет помалку од второпласираната екипа на Воска Спорт, а водечки е Силекс (42). Во следното коло Вардар дома ќе игра против Тетекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот