Комерцијална банка ја зголемува провизијата за платежните сметки
Комерцијална банка од 1 декември ќе има нов ценовник за одржување на платежните сметки. Таа до своите корисници, а и на својата веб страница ја објави оваа информација за да може граѓаните кои нема да се сложат со новиот ценовник да ги раскинат договорите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Ве известуваме дека Банката изврши измена на Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Комерцијална банка АД Скопје. Надоместоците кои ќе започнат да се применуваат од 01.12.2024 година се следните: Одржување на платежни сметки во денари: Платежни сметки со промет во тековниот месец – 40 денари месечно (освен за месецот во кој се затвора сметката) . Платежни сметки на кои има прилив по основ на пензија – 30 денари месечно Согласно Договорот за платежна сметка во денари, доколку во рок од два месеци по завршување на месецот во кој е извршена промената на условите во работењето за кои сте известени со оваа порака, не поднесете барање за раскинување на Договорот, се смета дека сте согласни со новите услови и дека ги прифаќате во целост.“, пишува во информацијата од Комерцијална банка.
Според актуелниот ценовник, одржувањето на платежната сметка со промет во тековниот месец е 35 денари, а одржувањето на платежните сметки со прилив на пензија се 25 денари.


