Profimedia
Комарци - Фото: Profimedia

Комарците можат да бидат најопасните инсекти во светот

Маларија, Зика,жолта треска, грозница од Западен Нил – сите овие болести се пренесуваат преку комарци. Стотици илјади луѓе умираат од вакви инфекции секоја година. Меѓу оние кои имале лошо искуство убод од комарец бил и Дејвид Хенкок.

Сè започнало еден јуниски ден во 2007 година со  температура и силно повраќање. Дејвид Хенкок вели дека требало веднаш да отиде во болница, но мислел дека може да се справи со „малата инфекција“. Имал чувство дека нешто не е во ред. Тоа не бил обичен грип.

И бил во право. Но, поминале десет дена пред да стане јасно од што е заболен 49-годишниот маж. Во тој период, Дејвид паднал во кома, срцето му откажувало неколкупати, белите дробови се наполниле со течност, а мозокот го зафатил воспалителен процес.

„Бев на друга страна. Со една нога на оној свет, така да се каже“, раскажува Дејвид.

Десет дена подоцна лекарите конечно можеле да постават дијагноза: Дејвид се заразил со вирусот од Западен Нил преку обичен убод од комарец пред неговата куќа во Глендејл, во близина на Феникс, американската сојузна држава Аризона.

Совршена комбинација – комарци и вирусот од Западен Нил

За разлика од маларија, жолта треска или вирусот Зика, вирусот од Западен Нил (ВЗН) не се пренесува од инвазивни видови комарци, туку главно од родот Кулекс (Culex), кој е распространет на северната хемисфера.

Вирусот потекнува од тропски подрачја. Првпат е откриен во 1937 година во регионот на Западен Нил во северна Уганда, и добил име по местото на откритието.

Се размножува особено добро кај птиците, што му овозможило да ја напушти Африка, по што птиците преселници го пренеле вирусот во Европа и САД. Првпат е забележан во САД во 1999 година. Денес, тој е главна причина за болести што ги пренесуваат комарците во таа земја.

Тоа се случило затоа што тропскиот вирус од Западен Нил се сретнал со Кулекс – обичен домашен комарец. Кога комарецот ќе убоде заразена птица, вирусот влегува во неговото тело, а потоа го тој го пренесува на следната жртва при следниот „оброк“ со крв. Тоа може да биде друга птица, коњ  или човек, како Дејвид.

Иако инфекцијата обично минува незабележано и без симптоми, во САД во просек 1.300 луѓе годишно сериозно се разболуваат од нив 130 умираат.

На 18 јуни 2007 година, Дејвид не само што имал температура и повраќал, туку не можел ни да голта. Неговата сопруга, Тери, на крајот го однела во болница, што се покажало како голема грешка.

„Апсолутно требаше да повикаме итна помош – тогаш ќе бев на самиот врв на листата за тријажа. Наместо тоа, часови чекавме во итната, што ме скоро чинеше живот“, вели Дејвид.

Тери морала да се врати дома за да го нахрани кучето. Кога се вратила, дознала дека срцето на Дејвид веќе двапати застанало, дека е на интензивна нега и на респиратор. Температурата му била толку висока што собата морала да биде ладна. Лекарите очекувале Дејвид да умре во секој момент.

Иронија на судбината – братот на Дејвид е истражувач на комарци

Тери ја собра целата фамилија – неговите и нејзините родители, како и братот на Дејвид, Боб. Боб е биолог кој со децении го истражува однесувањето на комарците.

„Кога слушнавме дека Дејвид е заразен со вирусот од Западен Нил, сите прашуваа: ’Дали сте сигурни дека тоа е Дејвид?‘“, раскажува Боб.

Приказната на двајцата браќа ја нагласува потребата за разлика: повеќето убоди од комарци се безбедни. Бројат само клиничките случаи – кога некој мора да посети лекар или болница, или кога инфекцијата е смртоносна. Исто така, бројот на непријавени случаи, оние што се заразуваат, а не приметуваат ништо веројатно е висок.

Болеста на Дејвид оставила траума не само кај него, туку и кај неговата сопруга. За Боб, тоа било подигнување на свеста – животот му се променил, и сега како медицински ентомолог посветено го следи ширењето на болести пренесувани од комарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот