Колумнистка на магазинот „Ел” тврди дека Трамп ја силувал

Колумнистката на магазинот „Ел”, Елизабет Џин Керол тврди дека  американски претседател Доналд Трамп сексуално ја нападнал во соблекувална во стоковна куќа на Менхетен во средината на 1990-тите години, се наведува во копијата на нејзината книга, објавена од страна на списанието „Њујорк”.

Трамп ги отфрли обвинувањата дека силувал жена во соблекувална во средината на 90-те на минатиот век, како „фикција” и „лажни вести”, наведувајќи дека не постојат докази за таквите тврдења на Керол.

Тој рече дека никогаш не ја запознал Е. Џин Керол и ја обвини дека нејзината мотивација за такви тврдења е „да ја продаде новата книга”.

-Никогаш не сум запознал таа личност во мојот живот, рече Трамп.

Американскиот претседател ги повика сите кои поседуваат „информации дека Демократската партија соработува со Керол или магазинот „Њујорк” да ја известат Белата куќа, пренесува Би-Би-Си.

Прочитајте и...  Јанушев повторно со закани: Абе таа Даниела и тој Ратко, жими се, слушај ми го зборот, ќе ги убијам

– Треба да се срамат тие кои измислуваат лажни приказни за напад, со цел да добијат публицитет за себе или да ја продадат книга, или прават политичка агенда, наведе Трамп.

Тој, исто така, и се заблагодари на стоковната куќа „Бергдорф Гудман”, бидејќи потврди дека нема видео запис за таков инцидент.

Во написот, во кој е одделен делот од книгата на Керол за „гнасни мажи”, таа пишува дека се сретнала со Трамп на крајот на 1995 или почетокот на 1996 година, во наведената стоковна куќа во Њујорк.

Керол пишува дека, по првично пријателската средба со Трамп во „Бергдорф Гудман” во 1995 и 1996 година, тој ја турнал до ѕид во соблекувална, ги соблекол панталоните и се фрлил врз неа.

Керол тврди дека, по голема борба, го турнала и избегала од продавницата.

Прочитајте и...  МФ изработи прирачник „Купувам домашно" со објаснување што се спаѓа во домашни производи

Повеќе од десет жени претходно го обвинија Трамп за сексуално несоодветно однесување, што тој го негираше.

Прочитај повеќе

Шекеринска од Дебар: Минималната плата ќе биде 20.000 денари

Слободен печат

Силјановска – Давкова: Нема самопочит, без почит кон предците, кон историјата, нема дрво без корен

Слободен печат

Мицкоски: Се пријавувам да бидам првиот кандидат за ветинг на македонската политичка сцена

Слободен печат

Спасовски: Народот ги виде Скопје 2014 во стиропор и ВМРО-ДПМНЕ во криминал и веќе избра сигурна иднина и пари кај граѓаните

Слободен печат

Вучиќ ја пофали Македонија дека чесно тестирала и се пофали дека Србија направила најмногу тестови во регионот

Слободен печат

Ахмети од Кичево: Македонија се гордее со Мајка Тереза, ќе се гордее и со премиерот Албанец

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Силен и пороен дожд поплави улици во Битола (ВИДЕО)

Слободен печат

Денес е најлошиот ден од почетокот на пандемијата во светот, новозаразени има преку 200 илјади

Слободен печат

Заев: Ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО, со обезбеден идентитет и со признат јазик

Слободен печат

Филипче: Ќе почнеме со изградба на Клинички центар, првиот блок ќе биде готов за четири години

Слободен печат

Силјановска покажа како се „денса“: Треска на саботната вечер (ВИДЕО)

Слободен печат

Најмалку 43 убиени во судири во Јужен Судан, украдени и десетици говеда

Слободен печат