Колумбиската морнарица уништи десетици лаборатории за дрога и заплени два тона кокаин
Колумбиската морнарица објави дека за време на операциите на југот од земјата уништила десетици лаборатории за производство на дрога и запленила повеќе од два тона кокаин. Во соопштението се вели дека во областа се запленети и повеќе од 3.700 галони шверцувано гориво, „спречувајќи го зајакнувањето на локалните нелегални економски активности“, објавува CBS News.
Препорачано
Фотографиите споделени од колумбиската морнарица покажуваат некои од лабораториите и запленетиот кокаин во мали пакувања, секое со тежина од околу два килограми. Морнарицата објави дека тројца членови на криминална група се уапсени за време на заплената на дрога, двајца од Еквадор, а националноста на третиот не е прецизирана.
„Продолжуваме да спроведуваме контролни операции со цел да ја заштитиме безбедноста и стабилноста на земјата“, се вели во официјалното соопштение.
Колумбија е најголемиот производител на кокаин во светот, а односите меѓу Вашингтон и Богота се затегнати бидејќи САД ја обвинуваат колумбиската влада дека не успеала да го ограничи зголемувањето на производството на кокаин, поради што се воведени санкции врз колумбискиот претседател Густаво Педро.


