Колумбија: Десетици луѓе се мртви откако пропаднале преговори, герилци ги убиле и преговарачите
Официјални лица во Колумбија денеска соопштија дека најмалку 80 луѓе биле убиени во североисточниот регион Кататумбо, блиску до границата со Венецуела, по неуспешните обиди за одржување мировни преговори со герилската крајнолевичарска Национална ослободителна армија (ЕЛН).
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Меѓу убиените се и седуммина луѓе кои дошле да го потпишат евентуалниот договор за кој се преговарало, како и водачот на заедницата, Кармело Гереро, пренесува „Ал Џазира“.
Според колумбиските државни органи, нападите се случиле во неколку градови во регионот Кататумбо и дека најмалку тројца луѓе кои учествувале во преговорите биле киднапирани. ЕЛН е само една од бројните ривалски милитантни групи кои се борат меѓу себе за превласт во трговијата со кокаин, поради која се и во непријателство со властите. Во последните денови, избиле судири меѓу ЕЛН и одметници од најпознатата колумбиска герилска формација, ФАРК.
Стотици луѓе бегаат од областа, а некои се кријат во блиските планини. Бранот насилство се случува откако државните власти на Колумбија ги прекинаа преговорите со Националната ослободителна армија по втор пат за помалку од една година.
Колумбиската влада бара ЕЛН да ги запре сите напади и да им дозволи на властите да влезат во регионот и да обезбедат хуманитарна помош.


