Колоритен рецепт на Стефанија Несторовска: Закиселен кромид – одличен прилог за сѐ!

Фото: Приватна архива

Закиселениот црвен кромид се користи како „таен“ зачин за подобрување на вкусот на различни јадења како сендвичи, хамбургери, салати, тако, риба, месо…

Овој додаток на јадењата е вкусен, супер лесен, брзо се прави и може да трае со денови, па и недели во фрижидер.

Закиселениот кромид можете да го додајте во разни салати, сендвичи, како прилог на јадења или неговата прекрасна боја да ја искористите за декорација на јадењата.

Благодарение на вештите раце и инвентивноста на Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com, секогаш имаме можност да пробаме нешто интересно, а денеска ни донесува рецепт како да направите закиселен кромид.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 470 мл (2 шолји) вода
– 240 мл (1 шолји) јаболков оцет
– 1/2 лажица сув рузмарин
– 1/2 лажица сол (по можност крупна морска сол)
– 2 кромиди, црвен, средна големина
→ Наместо рузмарин може да се додаде друг зачин по желба. Јас сум користела и цело зрно бибер (во топчиња) и исто е превкусно.

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Се сечка кромидот на тенки, еднакви кругчиња и се додаваат во тегли или во стаклен сад со капак.
Во мало тенџере се додаваат водата, јаболковиот оцет, рузмаринот и солта. На висока температура се остава да зоврие, а потоа се намалува температурата и се остава да поврие 2-3 минутки односно додека не се растопи солта.
Течноста се истура во теглите со кромид. Треба да се додаде доволно за да ги поклопи кругчињата кромид.
Се остава да се излади, на собна температура, пред да се затворат теглите и да се складираат во ладилник.
Кромидот нека отстои најмалку 2 часа во ладилник пред консумирање или идеално преку ноќ.
Закиселениот кромид може да стои во ладилник повеќе од 2 недели.
Може да се додава во сендвичи, салати или како прилог. Превкусно е и дава баш закиселен, лутникав вкус на храната.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот