Колку долго треба да трае сексот за жената да биде тотално задоволена?

Истражувањата докажаа дека просечното траење на сексот е помеѓу 5.5 и 7.5 минути. Но, дали тоа е доволно за жената максимално да ужива во сексот?

Неколку студии потврдиле дека кај повеќето парови сексот трае помеѓу 5.5 и 7.5 минути, без предигра, која е важна за целосно сексуално уживање.

Со оглед на денешниот брз ритам на животот, не е чудно што уживањето во интимните моменти со партнерот се сведува на неколку минути, но следниот податок би требало да ги мотивира паровите за разменувањето на нежности и сексуални односи со саканата личност да не го сведат само на механичка рутина и брза акција.

Имено, за да бидат целосно задоволени и максимално да уживаат во сексот, жените сакаат самиот сексуален чин да трае подолго.

Истражувањето во магазинот „Journal of Sex Research“, открило дека жените сакаат предигра која ќе трае 11 до 13 минути, а потоа 14 до 16 минути сексуален однос од моментот на пенетрација.

„Секогаш ги поттикнувам паровите да уживаат во што подолга предигра пред самиот секс. Колку е подолга предиграта, толку ќе биде поголема возбудата и полесно ќе постигнете оргазам“, советува сексуалниот и брачен терапевт, Иан Кернер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот