Колев за УБ: Пумпаме лажен патриотизам, а не мислиме на бизнисот и иднината

Петар Колев ГДУ/ Фото: Утрински брифинг

Тој вели дека се надева и дека после потпишувањето на Договорот за добрососедство ќе собереме сили како општество да го продолжиме патот по кој што веќе сме тргнале.

– За да има кавга се потребни двајца. Не може човек да се скара сам со себе си. За да постојат тие кавги меѓу Скопје и Софија, многу често се налива масло и од двете страни на границата. Јас кога тргнав да се занимавам со политика иако сум правник по образование и сум имал можност да правам нешто подобитно за мене како што е приватниот бизнис од каде што доаѓам, тргнав да се занимавам со оваа работа можеби и од тој агресивен однос едни кон други меѓу Скопје и Софија, изјави за Утрински брифинг, Петар Колев, лидер на ГДУ.

Тој вели дека се надева и дека после потпишувањето на Договорот за добрососедство ќе собереме сили како општество да го продолжиме патот по кој што веќе сме тргнале.

– Кон позитивна енергија би придонеле многу моменти од нашето блиско и далечно минато, но пред се сегашноста реалноста и иднината која што треба да ја изградиме заедно. Многу сум револтиран што за нас како општества е поважно што се случило пред 150 години, а не е важно тоа што ние немаме граничен премин помеѓу Македонија и Бугарија. Не логично е тоа што се расправаме и караме за граматики и јазици, а не прифаќаме дека многу ни е тешко да направиме заедничка тркалезна маса во сферата на бизнисот, бидејќи од Скопје до Софија нема автопат и треба да патуваш четири часа и ако имаш лош ксмет да има во тој период сериозен увоз на горива или нешто друго можеш да заглавиш седум часа, рече Колев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот