Која исхрана на Ѓоковиќ му донесе врвни резултати

фото: Инстаграм

Новак Ѓоковиќ во неделата по петти пат триумфираше на Вимблдон, откако во епското финале, по пет часа борба го совлада Рожер Федерер со 3:2 во сетови и тоа со 7:6,1:6,7:6,4:6,13:12.
Освен тоа, Ѓоковиќ во изминатите 15-тина години заедно со Федерер и Рафаел Надал доминираат во светскиот тенис освојувајќи 54 од последните 65 грен слем титули.

Тој, покрај одличните резултати кои му донесоа 16 грен слем трофеи, е познат и по својата издржливост и сила. Според него, тоа е благодарение на вегетаријанската исхрана.

– Јас сум вегетаријанец со години. Мислам дека тоа е една од причината поради што многу брзо се опоравувам по натпреварите. Повеќе немам алергии кои ги имав во минатото, на почетокот од кариерата – откри Ѓоковиќ.

Многу врвни спортисти, а меѓу нив и тенисерките Серена и Венус Вилијамс, се вегетаријанци и токму на тој стил на исхрана го припишуваат одличното здравје, брзото опоравување и вишокот енергија. Познатиот режисер, Џејмс Камерон, во документарниот филм „The Game Changers“ се занимава со елитните спортисти кои се откажаа од месните производи и станаа вегетаријанци.

 

Новак Ѓоковиќ не сака да се етикетира како веган (не јаде никакво месо), но е сериозен по прашањето на здравата исхрана. Пред три години тој отвори вегетаријански ресторан во Монте Карло, „Еквита“, во кој се служат медитерански оброци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот