Уки Кју, една од најпопуларните инфлуенсерки на Балканот е фасцинирана од змии – живее со нејзините три питони
Уна Каблар, попозната по нејзиното уметничко име Уки Кју, е една од највлијателните млади инфлуенсерки на Балканот. Родена на 12 ноември 2000 година во Книн, со својот автентичен пристап и креативност освои милиони следбеници на социјалните мрежи.
Препорачано
Уна ги направи своите први чекори во светот на социјалните мрежи на крајот на 2018 година на ТикТок, каде што почна да објавува видеа за танцување и синхронизација на усните.
View this post on Instagram
Денес Уна има повеќе од два милиони следбеници на различни социјални платформи, вклучувајќи над 600.000 следбеници на Инстаграм. Нејзиниот успех не е ограничен само на создавање содржини – таа го проширила своето делување и во музичката индустрија, објавувајќи неколку песни.
На почетокот на 2024 година, Уна прифати нов предизвик за учество на натпреварот HELL Boxing Kings, престижен боксерски турнир со награден фонд. Овој потег ја покажува нејзината подготвеност да излезе од зоната на удобност и да истражува нови области.
„Сакам сè што се истакнува, сè што е различно и необично. Љубител сум на животни, а особено сум фасцинирана од змии, па живеам со моите три питони. Со спорт се занимавам уште од детството и тренирав во различни дисциплини, но никогаш не сум пробала ниедна боречка вештина. Бидејќи сакам да излезам од мојата комфорна зона и да пробувам нови работи, ова натпреварување ми го привлече вниманието“, изјави Уки Кју.
View this post on Instagram
Приватен живот
Уна низ годините споделуваше и лични моменти од нејзиниот живот со своите следбеници. Таа беше во врска со Сергеј Пајиќ до 2021 година, а подоцна беше поврзувана со јутјуберот Лука Бојовиќ. Таа никогаш не се двоуми да зборува за потешки теми, вклучувајќи ги и семејните проблеми со кои се соочувало нејзиното семејство.
Тетоважите се еден од нејзините заштитни знаци. Има повеќе од 25, а првата тетоважа ја направила на 15 години.
„Мислам дека на мојот ТикТок луѓето најмногу ги привлекува тоа што јас сум секогаш своја“. Имам нешто што лкарактер или нешто друго. Но, важно е луѓето да ве паметат по нешто, да привлекувате внимание. Исто така, јас бев една од првите што почнаа да снимаат за ТикТок на Балканот, па можеби тоа е само среќа“. – вели Уна.


